Со законот со којшто се избриша техничката влада, но не за следните избори, туку за оние што ќе се случат после нив, СДСМ аспсолутно не е оштетна како партија, бидејќи на следниве парламентарни избори коишто следуваат, во техничката влада ќе влезат токму луѓе коишто ќе дојдат како предлог од СДСМ, рече Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на гостување во дебатната емисија 24 Анализа на ТВ 24.
– Дури за следните избори после нив, зборуваме дека нема да има техничка влада. Впрочем, за тоа и од Брисел имаме оценка – дека со последните локални избори докажавме дека државата е зрела демократски, немаше никакви приговори и дека можеме конечно да излеземе од тоа решение со техничка влада – рече пратеничката Стојаноска.
Таа додаде дека СДСМ, наместо да преговара и да дојде до заедничко решение, се самоисклучува од преговарачката маса, потенцирајќи дека нема аргумент дека некој го исклучува од процесите.
– Се самоисклучија од покана за втората лидерска средба, така што апсолутно немаат аргумент дека некој ги исклучува од процесите – рече пратеничката Стојаноска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
