Финалето на Светското фудбалско првенство ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап.
Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од „Колдплеј“, чие искуство од сценски настап на полувреме на спортски спектакл датира од 2016 година, кога заедно со Бруно Марс и Бијонсе, настапи на јубилејното 50. издание на Супербол на стадионот „Ливајс“ во Санта Клара.
Според организаторите, главни ѕвезди на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство ќе бидат легендарната поп пејачка Мадона, колумбиската музичка ѕвезда Шакира и јужнокорејската К-поп група БТС.
Минатата недела, колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“.
Шакира ја изведе и официјалната песна за Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка – Waka Waka (This Time for Africa), а ги изведуваше своите хитови „Hips Don’t Lie“ и „La La La“ за време на церемониите на светските првенства во 2006 година во Германија и во 2014 година во Бразил.
Tagged as:
Мадона ШАКИРА И БТС ЌЕ НАСТАПАТ НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
