Претседателскиот авион на Доналд Трамп полета кон Пекинг со необична делегација во која доминираат технолошки милијардери, шефови на Волстрит и директори на американски индустриски гиганти.
На летот кон Кина се качиле Илон Маск, Тим Кук и Јенсен Хуанг, човекот што ја претвори „Енвидија“ во симбол на глобалната AI револуција.
Во авионот се и директори на „Блекрок“, „Блекстоун“, „Голдман Сакс“, „Мастеркард“, „Квалком“, „Микрон“, „Боинг“, „Виза“ и „GE Aerospace“.
Самата слика од „Ер Форс Уан“ повеќе потсетува на летечки економски самит отколку на класична државна посета.
– Имаме многу теми за разговор (со претседателот на Кина). Искрено, не би рекол дека Иран е една од нив, бидејќи во голема мера го имаме Иран под контрола – изјави Трамп подоцна за новинарите.
Изјавата доаѓа во чувствителен момент, бидејќи Кина останува еден од најголемите купувачи на иранска нафта и важен дипломатски партнер на Техеран.
Посетата е и прва на Трамп во Кина од 2017 година во време кога Вашингтон и Пекинг водат трговска војна и се тркаат во технологија и во енергетика.
Присуството на шефовите на технолошките компании не е случајно. Вашингтон и Пекинг со месеци водат тивка војна околу чиповите, вештачката интелигенција, ретките минерали и контролата врз идните технологии.
Токму Јенсен Хуанг и „Енвидија“ станаа центар на глобалната борба за АИ доминација, бидејќи американските чипови се клучни за развојот на кинеската технолошка индустрија.
Истовремено, Илон Маск има огромни деловни интереси во Кина преку фабриките на „Тесла“, додека „Епл“ со години зависи од кинеските производствени синџири.
Тим Кук, кој наскоро ќе се повлече од челната позиција во „Епл“, практично ја претставува генерацијата директори што ја врза американската технологија за кинеските фабрики.
Додека летал кон Пекинг, Трамп повторно зборуваше за Иран.
– Не мислам дека ни е потребна никаква помош со Иран. Ќе победиме на еден или друг начин, мирно или на друг начин – им рече тој на новинарите.
Подоцна додаде дека Вашингтон „во голема мера го има Иран под контрола“.
Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе имаат први директни разговори по повеќе од шест месеци.
Средбата се случува во време кога трговските спорови повторно растат, војната со Иран ја тресе глобалната енергетика, а технолошката трка меѓу САД и Кина станува сè поагресивна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
