Американските преговарачи изнесоа идеја Украина да ги повлече своите преостанати сили од источниот регион Донбас во замена за членство во НАТО, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Би-би-си“.
– Американците го поставија прашањето: ’Што ако Украина влезе во НАТО – дали Украина би се повлекла од Донбас?‘ Ова беше првпат да се спомене таква можност – им рече Зеленски на новинарите, по посетите на американски пратеници во Москва, самитот во Даблин и тековните напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.
Тој додаде дека, доколку добие предлог што вклучува безбедносни гаранции – без ограничувања за украинската војска – како и средства за обнова на земјата, таков предлог би го ставил на референдум.
Зеленски истакна дека американскиот предлог го навел на заклучокот оти „НАТО повторно е на дневен ред“.
Сепак, тој предупреди дека станува збор за „исклучително тежок разговор“.
Киев долго време бара членство во НАТО како услов за каков било мировен договор, гледајќи го тоа како начин за одвраќање на идни закани; од друга страна, Русија тврди дека присуството на уште една членка на НАТО на нејзините граници би било неприфатливо.
Зеленски, исто така, постојано повторува дека Украина не е подготвена да се откаже од својата суверена територија, и покрај барањата на Москва таа да го отстапи Донбас, пренесува „Бета“.
Tagged as:
А ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО САД ПРЕДЛОЖИЛЕ УКРАИНА ДА ГО ОТСТАПИ ДОНБАС
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
