Background

Проценка на разузнавачките служби на САД

Иран сѐ уште располага со поголемиот дел од своите мобилни ракетни системи и ракетен арсенал, објавија американски медиуми повикувајќи се на доверливи проценки на американските разузнавачки служби.

Според „Њујорк тајмс“, проценките покажуваат дека Техеран задржал околу 70 проценти од мобилните лансирни системи и од предвоените резерви на ракети. Исто така, весникот пишува дека Иран повторно има пристап до поголемиот дел од подземните ракетни бази и околу 90 проценти од подземната инфраструктура и лансирни рампи.

Слични информации претходно објави и „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски функционер кој навел дека Иран се уште располага со околу 75 проценти од мобилните лансери и околу 70 проценти од ракетниот арсенал на предводените капацитети.

- Advertisement -
Ad image

Според извештаите, иранското раководство успеало повторно да ги оспособи речиси сите подземни складишта, да поправи дел од оштетените системи и да обезбеди нови.

„Њујорк тајмс“ наведуваат дека некои високопоставени американски претставници се особено загрижени поради тоа што Иран повторно оспособил ракетни позиции долж Ормуската Теснина.

Инаку, во моментов на сила е кревко примирје, додека преговорите за окончување на конфликтот се во застој.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги нападна медиумите поради начинот на известување за конфликтот со Иран, оценувајќи дека тврдењата оти Иран воено „се држи добро“, всушност претставуваат „предавство“.

Извештаите на американските медиуми се разликуваат од ставот на администрацијата на САД, која претходно тврдеше дека Иран бил значително воено ослабен по конфликтот што Израел и САД го започнаа кон крајот на февруари.

Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги отфрли обвинувањата дека војната со Иран ги исцрпила американските резерви на ракети и муниција, по критиките од дел од демократите дека САД би можеле да станат поранливи во случај на нов голем конфликт.

– Точно знаеме со што располагаме. Имаме доволно од тоа што ни е потребно – изјави Хегсет пред поткомитет на Претставничкиот дом.

Претседателот на Здружениот генералштаб на САД, Ден Кејн, исто така изјави дека американската армија располага со доволно муниција за тековните задачи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation