Background

Мицкоски повика на обединување за подобра Македонија

Европа е нашиот единствен пат и нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, што се одржа пред споменикот „Ослободители на Скопје“, во присуство на делегации од институции, политички партии и од амбасади.

Мицкоски истакна дека на Европа не гледа само како на географија, туку Европа треба да биде вредност и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци.

– Секој што ме знае добро е уверен дека, колку и да постојат празнини и недржавничко однесување во нашиот политички естаблишмент, пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, каков што имало во нашата понова историја, никогаш нема да правам. Ниту ми паднало на ум такво нешто. Оваа моја позиција им пречи на неколкумина, но и тие знаат дека честа нема цена и дека никогаш нема да нанесам каква било штета на нашата држава – порача премиерот.

- Advertisement -
Ad image

Од урнатините на војната, наведе тој, се роди идејата за европско обединување, не како политички проект на бирократи, туку како цивилизациски завет дека никогаш повеќе народите нема да се уништуваат меѓусебно.

– Европа на солидарност, вредности и принципи. А што се принципите ако не правила кои треба да важат за сите, норми кои треба да донесат просперитет и иднина? Ние верувавме во тоа и сè уште веруваме дека Европа е нашиот единствен пат. Но, исто така, да не се залажуваме – постои и горко искуство од многу откажувања, препреки и неразумни спорови на овој наш пат. Тоа силно и длабоко фрустрира, кога принципите се кршат токму врз грбот на оние кои бараат принципи и праведна шанса. Исто како што обесхрабрува и рамнодушноста на многу поголеми држави кон овие неправедни епизоди на нашиот народ и држава – рече Мицкоски.

Европа, нагласи, е верба во човековото достоинство, во демократијата, во владеењето на правото, во почитта кон различностите и во правото секој народ слободно да чекори по својот пат.

– Разбирам и дека Европа денес повторно се соочува со предизвици. Војни, поделби, радикализам, економска неизвесност и криза на доверба. Во време кога повторно се слуша јазикот на омразата, наша должност е да бидеме глас на разумот, стабилноста и на единството. Мора да разговараме и да се обидуваме, затоа што само така можеме да дојдеме до решенија – истакна Мицкоски.

Како народ, додаде тој, отсекогаш сме знаеле дека силата е во заедништвото. Во нашата историја, посочи, имало моменти кога сме биле делени, разочарани и оттурнати, но секогаш кога сме биле обединети околу државата, околу народот и околу иднината – сме победувале.

– Денес ни е потребно токму тоа. Обединување. Не во поделбите, туку во заедничката борба за подобар живот, посилна економија, праведно општество и држава во која младите ќе сакаат да останат. Големите чекори секогаш ги правеле поединците кои ја гледале големата слика. Жал ми е што таа рака за обединување многупати беше одбиена. Но, има и такви политичари кои треба да знаат дека за да стигнат до обединување мора да чекорат напред, а не да стојат во место или да одат назад. Да не се одбива разговор, затворени во своите кругови и целосно отсечени од реалноста – рече Мицкоски.

Медиокритетите од таквите редови, дополни тој, создаваат лицемерен отсјај кој може да се види и во изјавите и критиките дека се за единство и за европска интеграција, а не гласаат ниту еден закон од реформската агенда која е приоритет на истата таа Европа.

– Таквиот нихилизам создава омраза, но и облак во кој ни самите не можат да се препознаат. И нивното талкање низ таквиот простор се гледа и во променливоста и во неконзистентноста на ставовите. Најчесто нивните ставови за клучните прашања се разликуваат од утро до пладне. А чести се случаите кога при очи се прават слепи, а при уши – глуви. Политиката на кодошење на сопствената земја таквите ги прави добри слуги на туѓи фактори, но не и пријатели на својот народ. И затоа, повеќе од кога било, потребно е да ја видиме суштината и да постигнеме единство. Но, единство на принципи и единство на вредности – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation