Background

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

– Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт – рече Николоски во гостување во поткастот „Ноќно студио“.

- Advertisement -
Ad image

Активната работа на терен, додаде тој, почнала дури од октомври 2024 година.

Николоски посочи дека за година и половина се реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период.

Тој потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на „Екисм Банка.

– Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската „Ексим Банка“. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи 175 милиони евра и бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа, заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата – истакна Николоски.

Во врска на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар, што според него, сè уште го прави најевтиниот автопат што моментно се гради во Македонија и во регионот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation