Полицијата во Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Компјутерски фалсификат, соопшти МВР.
„Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи. Таа му креирала официјална електронска адреса од МОН, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка и му соопштила да ги координира сите наставници“, се вели восоопштението.
На тој начин, се додава, пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник.
„Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот од службениот меил од МОН“, соопшти полицијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
