Редакција . 08 мај 2026 | Охрид / Битола / Скопје
Месеци наназад, истражувачката редакција на OhridSky документира она што органите на прогон во Скопје упорно го игнорираат , еден од најголемите финансиски скандали во историјата на Северна Македонија. Стечајната постапка на СН Осигурителен Брокер од Битола претставува една од најзагадочните финансиски афери во современата македонска економија. Но скандалот одамна е надминат со она што следуваше: систематско ќутење на институциите, молчење на судот, и уште позагрижувачки отсуство на какво било реагирање од министерствата кои се должни да штитат граѓани. OhridSky
Денес јавно поставуваме прашања на кои граѓаните имаат право на одговор.
Анализата на официјалните документи од стечајната постапка покажува вртоглав раст на долгот: на 31 декември 2022 вкупниот долг изнесувал 4.185.440 денари, на 31 декември 2023 — 6.287.962 денари, на 31 декември 2024 — 27.150.728 денари, а на 3 ноември 2025 , веќе 516.642.195 денари. OhridSky
Тоа е зголемување од речиси 19.000% за помалку од три години. Ова не е инфлација. Ова не е лоша деловна политика. Ова е , според истражувачките наоди на OhridSky , систематско фалсификување на побарувања во активна стечајна постапка, пред очите на суд, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и сите надлежни институции.
Анализата на финансиските извештаи на СН Осигурителен Брокер Битола открива скандал од епски размери во македонскиот осигурителен сектор , долгот на осигурителната компанија Евроинс кон брокерот експлодирал од нула денари во 2022 на 404 милиони денари во 2025. OhridSky
За период од само една година, компанија која управуваше со премии во вредност од приближно 29 милиони евра се најде во стечај, оставајќи зад себе мрежа од неодговорени прашања и сомнителни трансакции. OhridSky
Можеби најстравичниот дел од оваа приказна е листата на „должници”. Стотици невини граѓани, претежно земјоделци од руралните средини, се наоѓаат на листи на фиктивни долгови создадени за извлекување на ликвидност од СН Осигурителен Брокер. OhridSky
Марија Н., пензионерка од Битола: „Добив писмо од судот дека должам 120.000 денари за позајмица. Јас во животот не сум земала позајмица од овој брокер. Адвокат сака 50.000 денари само да ја прими постапката. Јас земам пензија од 18.000 денари.” Петар С., земјоделец од Преспа: „Ми викаат дека должам 87.000 денари. За што? Јас ги продавам јаболка на пазар. Немам работа со осигурување. Ова е грабеж на бел ден.” OhridSky
На фиктивниот список, покрај земјоделци, фигурираат и адвокати, нотари, извршители, јавни претпријатија, па дури и , Министерството за финансии и Министерството за земјоделство. OhridSky
Со еден збор: државата е на листата на должници на компанија чиј стечај таа самата треба да го надгледува.
Министерството за финансии фигурира во официјалните документи на стечајната постапка. УЈП и Финансиската полиција спровеле повеќемесечна контрола во СН Осигурителен Брокер , па сепак, шокантните податоци кои ги откри истражувачкиот тим на OhridSky, УЈП и Финансиската полиција не ги виделе или не сакаа да ги видат. OhridSky
Јавно прашање до Министерката за финансии: Дали сте свесни дека Министерството за финансии стои на листата на „должници” на оваа стечајна постапка? Дали некој ги известил надлежните? Кој е одговорен за тоа што државните органи за финансиска контрола не реагираа на зголемување на долгот за 19.000%?
Стечајната постапка во Основниот суд Битола ја води судијата Иван Колевски. Неговата улога во оваа афера е критична, но истовремено и сомнителна , случаите во кои стечајните управници донесуваат одлуки кои очигледно не се во интерес на доверителите, туку на одредени поврзани лица, укажуваат на можна надворешна контрола или притисок врз судскиот процес. OhridSky
Стечајната управничка Даниела Блажевска беше сменета експресно, полноќно, без јавно образложение , а нејзин основен „грев” беше тоа што не играла по музиката на оркестарот. OhridSky
Судијата Колевски имал обврска да ги провери основаноста на побарувањата , зошто не ги провери? Зошто судот го прифати долгиот списокот без проверка? Зошто не е побарана форензичка ревизија? OhridSky
Редакцијата на OhridSky побарала коментар од судијата Колевски. До моментот на објавување, не бил добиен одговор. OhridSky
Јавно прашање до претседателот на Судскиот совет на РСМ, Камбоски: Судскиот совет постои за да ја штити независноста и законитоста на судството. Дали сте запознаени со работата на судијата Иван Колевски на стечајниот предмет на СН Осигурителен Брокер Битола? Дали Судскиот совет планира да покрене дисциплинска постапка? Или и Судскиот совет, исто како институциите за финансиски надзор, одбира да не ги гледа фактите?
Министерот Тошковски свечено објави дека криминалот е на најниско ниво во последните 20 години. Но во Битола, граѓани добиваат судски налози за долгови кои никогаш не ги направиле, стечај со фалсификувани побарувања тече со месеци, а МВР и Јавното обвинителство , молчат. ohridsky
Ова е најголемата финансиска измама во историјата на Битола и Северна Македонија , молчењето на надлежните институции е клучна компонента во оваа криминална шема. OhridSky
Јавно прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски: Вашите инспектори и финансиски истражители се наоѓаат во земја каде стотици граѓани се жртви на документирана финансиска измама, а судска постапка тече со сомнителни одлуки. Зошто МВР не отвори истрага? Дали постои некаква деловна, политичка или лична поврзаност која го спречува Министерството да реагира на пријавите на граѓаните и на документираните наоди на новинарите?
Граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Јавноста има право на целосна транспарентност за секој аспект на оваа афера. OhridSky
Во земја која аспирира кон членство во ЕУ, постојат основни европски стандарди за заштита на граѓаните во стечајни постапки, независност на судството и отчетност на државните институции. Она што се случува со СН Осигурителен Брокер во Битола е директна проверка на тие стандарди , и засега, институциите паѓаат на тестот.
Редакцијата на OhridSky ќе продолжи да ги следи сите развои во овој случај и да известува јавно. Ги повикуваме сите засегнати граѓани да ги пријавуваат своите случаи. Ги повикуваме сите одговорни лица , Министерката за финансии, министерот Тошковски, претседателот на Судскиот совет Камбоски , јавно да одговорат на овие прашања.
Молчењето само по себе е одговор.
Текстот е подготвен врз основа на истражувачки материјали и документирани наоди објавени на ohridsky.com. Сите наводи кои се однесуваат на конкретни лица претставуваат новинарски прашања засновани на јавно достапни документи, а не утврдени правосилни факти. Лицата споменати во текстот имаат право на одговор и реплика.
С.Д.Редакцоја Охридскај
Tagged as:
Агенција за супервизија на осигурување битола Иван Колевски јавно обвинителство Камбоски мвр Министерство за внатрешни работи министерство за финансии Основен суд Битола Панче Тошковски сн осигурителен брокер Стечај судија Колевски Судски Совет УЈП финансиска полиција Финансиски Криминал
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
