Background

Според новите проекции инфлацијата ќе се движи околу 4%

Инфлација од околу 4% и раст на бруто-домашниот производ од 3,5% предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3%, а растот на БДП ќе достигне 3,8%.

Советот на Народната банка на дeнешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај.

Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4 % во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, кој би се свел на 3,1% во 2026 година, а светската инфлација е нагорно ревидирана. Главниот извор на неизвесност и натаму се геополитичките конфликти, особено ескалирањето на состојбата на Блискиот Исток, што значително влијае врз цените на примарните производи и трговските текови. Засега, според основните сценарија на меѓународните институции, се претпоставува брзо завршување на конфликтот, односно не се очекува дестабилизирање на инфлациските очекувања, ниту поголемо затегнување на светските финансиски услови.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на домашната економија, најновите макроекономски проекции исто така се потпираат на умерено сценарио, според кое се очекува побрзо завршување на конфликтот, нормализирање на снабдувањето со нафта и постепено намалување на цените во втората половина од годината. Според овие проекции, се очекува дека инфлацијата ќе изнесува околу 4% во 2026 година, при што стабилизирањето ќе биде побавно во услови на повисоки цени на енергенсите и храната. Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на речиси 3% во 2027 година и нејзино враќање кон историскиот просек од 2% на среден рок под влијание на закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка – се вели во соопштението од Народната банка.

Во вакви услови проекциите за домашната економија упатуваат на умерено, но стабилно економско закрепнување. Се очекува раст на БДП од 3,5% во 2026 година и негово забрзување достигнувајќи 3,8% во 2027 година. Притоа главен двигател и натаму ќе бидат инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка.

Надворешната позиција на економијата се оценува како понеповолна на краток рок. Се очекува дека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува околу 5,7 % од БДП во 2026 година под влијание на повисокиот увоз на енергенти и инвестициските активности. На среден рок се очекува негово постепено намалување при стабилни финансиски приливи, кои ќе обезбедат финансирање на дефицитот и натамошен раст на девизните резерви.

Банкарскиот систем и натаму обезбедува солидна поддршка за економијата. Во првиот квартал од 2026 година кредитната активност бележи годишен раст од 13,1 % при очекувања за умерено забавување до крајот на годината. Депозитната база и натаму расте солидно, што укажува на стабилна доверба и поволни услови за штедење. На среден рок, 2027 – 2028 година, се очекува просечен раст на кредитите од речиси 7,4 % при раст на депозитната база и во услови на стабилен и солиден банкарски систем.

Народната банка ја задржува внимателната поставеност на монетарната политика во услови на зголемена светска неизвесност и променливо надворешно окружување. Ризиците и натаму се претежно надолни и се поврзани со геополитичките случувања и движењата на цените на примарните производи. Народната банка нагласува дека и во иднина ќе биде подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖