Background

РЕГУЛАТОРНА ЌЕ ГИ РЕВИДИРА ЧЕТИРИТЕ ТАРИФНИ БЛОКА НА СТРУЈАТА

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најавува анализа на четирите тарифни блока во сметките за потрошена електрична енергија за корисниците на регулираниот пазар и порачува дека според него нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ.

– Мој личен став е дека се треба да се отвори ова прашање. Ќе разгледаме во наредниот период дали да има блокови или не или поинаку да се димензионираат. Ќе направиме анализа од досегашното искуство бидејќи веќе неколку години функционираат блоковите и е важечко решение. Воедно, од искуствата од регионот ќе видиме како може да се направи нешто и дали може да се направи нешто подобро во интерес на крајните потрошувачи – изјави Ристов во одговор на прашање по денешната средба со новинарите во просториите на РКЕ и додаде дека во секој случај уште еднаш ќе се направи анализа.

Можно е, најави, да направат некаков нов начин, кој ќе биде поправичен.

- Advertisement -
Ad image

– Неправичноста на постојниот систем е што иста енергија се плаќа по разни цени. Енергијата е берзанска стока со цена и оној што произведува ја продава по иста цена, а сè друго е социјална категорија која треба да се усогласува со државата. Не може да постојат пет цени за ист производ. Затоа ќе ги разгледаме искуствата од примената на тарифниот систем и ќе направиме анализа од која ќе зависи што ќе правиме во иднина – прецизира Ристов.

Претседателот на РКЕ не очекува да има драстично зголемување на цената што ја плаќаат крајните потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија.

– Во делот на гасот засега нема големи флуктуации за разлика од оние што се случуваат кај нафтените деривати и неговата цена е релативно стабилна. Дали ќе има покачување на цената на топлинската енергија за крајните потрошувачи, ќе се знае кон крајот на јули бидејќи поднесувањето на барањата на компаниите што работат во овој сектор е заклучно со 30 јуни по што регулаторот ги обработува податоците. Во зависност од податоците што ги добиваме од берзите, правиме споредба и носиме регулирана цена за која во овој момент не знаеме дали ќе биде нешто повисока: веројатно поради инфлаторните случувања, ќе има некакво зголемување, меѓутоа не се очекува тоа да биде драстично бидејќи, сепак, цената на гасот не порасна на пазарите како што е кај нафтените деривати – прецизира Ристов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation