Годишната инфлација во април достигна 5,7%, а цените на мало пораснале за 5%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Во март инфлацијата изнесуваше 4,9 %.
На месечно ниво, трошоците на живот во април се зголемиле за 1,3%, по растот од 0,7 % регистриран во март, додека, пак, цените на мало во април во однос на март, бележат од 3,2%.
Најголем годишен раст на трошоците на живот е забележан кај алкохолните пијалаци и тутунот, каде поскапувањето достигнало 10,2%, но и кај храната и безалкохолните пијалаци 8%.
Висок годишен раст е регистриран и во транспортот од 5,4%. Во овој дел потпомогнато од кризата во Иран на на месечно транспортот поскапел за 10,1%.
Ва спротивната страна најниско зголемување од 1,7% има кај осигурувањето и финансиските услуги.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
