Сатирична чeститка по повод 7 Мај . Денот кога бројките се поубави од реалноста
Македонија прослави историски успех. Министерот Тошковски, со насмевка поширока од новиот службен Mercedes, свечено објави дека криминалот е на најниско ниво во последните 20 години.
Граѓаните го дочекаа известувањето со мешани чувства , оние кои им го украле автомобилот минатата недела беа особено изненадени.
Но бројките не лажат. Или барем бројките не лажат кога ги броиш ти.
67,2% ефикасност на полицијата! Импресивно. Останатите 32,8% криминалци, очигледно, имаат среќа. Или познанства. Или и двете.
Сузбиени 16 организирани криминални групи? Одлично. Се надеваме дека не се сузбиени само оние без врски со правилните луѓе , затоа е и споменато „без селективност”, за да не мислите дека има селективност.
„Никој не е над законот”, рече директорот Јанев.
Присутните аплаудираа со рацете, а со очите , разгледуваа кој недостасува на свеченоста.
120 нови службени возила набавени по 15 години! Граѓаните се радуваат. Особено оние кои ги чекаат своите лични документи по 15 недели во реновираните управни служби , барем полицијата ќе дојде брзо кога ќе пријават дека им ја украле чантата додека чекале на ред.
Осум нови управни служби отворени низ државата. Напредок! Сега можете да бидете бирократски малтретирани на осум нови локации наместо само на четири.
МВР продолжува со бескомпромисна борба против криминалот. Криминалот, засега, не коментира.
Среќен 7 Мај на сите , и на оние 67,2%, и на оние другите.
— Еден граѓанин со украден статистички мир
Tagged as:
безбедност Ден на македонската полиција 7 Мај Корупција криминал криминалитет мвр полиција статистика Тошковски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
