Background

Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси.

Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската индустрија и сигурноста на синџирите на снабдување. Македонија треба да ја препознае оваа можност и да ги следи европските политики, создавајќи услови за развој на современо, одговорно и одржливо рударство, оценува „И Здравје и Работа“.

Од „И Здравје и Работа“ посочуваат дека оваа препорака треба да биде сфатена како повик за конкретни чекори, а не само како обврска на хартија. Усогласувањето со европските политики е можност Македонија да го развие својот минерален потенцијал, да привлече инвестиции и да стане дел од новите европски синџири на снабдување со суровини кои се неопходни за индустрискиот развој и зелената транзиција.

- Advertisement -
Ad image

„Македонија не смее да остане настрана од европските процеси. Критичните минерални суровини се важен дел од индустриската и економската иднина на Европа, а нашата земја има ресурси и потенцијал да биде дел од тие процеси. Потребни се современа законска рамка, стручност, инвестиции и јасни правила кои ќе овозможат развој на рударството во согласност со највисоките стандарди за заштита на животната средина“, се наведува во ставот на „И Здравје и Работа“.

Од организацијата нагласуваат дека развојот на рударството не смее да биде спротивставен на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните. Напротив, европскиот пристап подразбира одговорно управување со ресурсите, примена на современи технологии, доследно почитување на законските процедури и постојан надзор.

„Потребно е да водиме аргументирана и стручна дебата за иднината на рударството. Одлуките треба да се носат врз основа на знаење, научни анализи и европски практики, а не врз основа на страв и дезинформации. Македонија има можност да ги искористи своите ресурси за економски развој, нови работни места и посилна индустрија, истовремено гарантирајќи одговорност кон природата и граѓаните“, порачуваат од „И Здравје и Работа“.

„И Здравје и Работа“ смета дека усогласувањето со европските политики за критични суровини е важен чекор кон современо и одржливо рударство, кое ќе придонесува за економскиот развој на земјата и ќе ја почитува животната средина и здравјето на граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖