Background

ФУСТАН ОД 12 ЕВРА НА ЕЛИТНА ВЕЧЕРА ВО БЕЛАТА КУЌА?

Џенифер Раучет, сопруга на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, се најде во центарот на вниманието откако се појави на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа (WHCA). Причината за ненадејното внимание на медиумите беше фустанот што го носеше – за кој некои тврдат дека доаѓа од популарната онлајн платформа Тему.

Гала вечерта се одржа на 25 април во хотелот Вашингтон Хилтон и ја собра политичката и медиумската елита. Настанот накратко беше засенет од безбедносен инцидент кога вооружен човек отвори оган во лобито за време на безбедносна проверка. Во тоа време, претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс и бројни гости, меѓу кои и Пит и Џенифер Хегсет, кои претходно позираа на црвениот тепих, беа во салата.

Дебатата на социјалните мрежи започна кога инфлуенсерката Ела Деви објави дека Раучет носи фустан од Тему вреден само 12 евра. Заедно со фотографија од настанот, таа сподели и снимка од сличен модел од онлајн продавница.

- Advertisement -
Ad image

 

Објавата брзо стана вирална и предизвика мешани реакции. Додека некои го критикуваа изборот, шпекулирајќи дека станува збор за евтино парче кое не е соодветно за таков настан, други застанаа во нејзина одбрана.

– Ви смета кога некој носи луксуз, а сега ви смета и прифатлива мода – што навистина сакате? – гласеше еден коментар.

Многумина истакнаа дека изгледот и самодовербата не зависат од цената на облеката.

– Не е важно од каде е фустанот – изгледаше одлично – напиша еден корисник.

Од друга страна, критиките беа насочени кон самата инфлуенсерка, која некои ја обвинија за лицемерие, со оглед на тоа што таа често промовира луксузни модни брендови како што се Шанел, Барбери и Живанши на социјалните мрежи, а во исто време се претставува како застапник на социјалистичките идеи.

Многу корисници се приклучија на дискусијата и ги споделија своите искуства со прифатливата мода, нагласувајќи дека стилот не мора да биде скап.

Целата ситуација уште еднаш го отвори прашањето: дали цената навистина ја одредува вредноста на модниот избор – или е тоа перцепција наметната од општеството?

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation