Американската рударска компанија „Критикал Металс“ (Critical Metals) постигна договор за преземање на компанијата „Европеан Литиум“ (European Lithium) во договор вреден околу 835 милиони долари (околу 712 милиони евра).
„Критикал Металс“ потпиша писмо за намера за купување на сите преостанати акции.
Компанијата веќе поседува мнозински удел од 92,5 проценти во проектот, додека „Европеан Литиум“ ги држи преостанатите 7,5 проценти.
Ова би ѝ овозможува на американската компанија целосна сопственост врз проектот за ретки земјени метали „Танбриз“ во Гренланд.
Проектот „Танбриз“ се смета за значаен извор на ретки земјени метали, клучен за производство на електрични возила, енергетска и одбранбена индустрија, што е важно во контекст на напорите на западните земји да ја намалат својата зависност од Кина.
Американската компанија наведува дека целосната сопственост ќе овозможи поефикасно донесување одлуки и полесно финансирање на развојниот проект.
Затворањето на трансакцијата се очекува во втората половина од годината.
Tagged as:
АМЕРИКАНСКИ „КРИТИКАЛ МЕТАЛС“ ЈА КУПУВА „ЕВРOПЕАН ЛИТИУМ“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
