Background

ЕМ ШУТ, ЕМ БОДЕ: ЃУРО ЈОВЧЕСКИ, „СИНДИКАЛЕЦ“ СО СУДСКO ДОСИЕ И ПРАШАЊА БЕЗ ОДГОВОР

[Факсимили: Пресудата на Врховниот суд на РСМ – РЕВ2-209/25 од 22.01.2026 година, со која ревизијата на тужителот Јовчески е отфрлена како недозволена , ќе биде објавена во прилог]

Претседателот на наводниот синдикат на Националниот парк Галичица, Ѓуро Јовчески, неодамна се обрати со отворено писмо преку локален портал, насочувајќи обвинувања кон медиуми, институции и поединци. Меѓутоа, наместо да одговара на прашања, тој сам ги поставува , а со тоа само дополнително ги привлекува прожекторите врз сопственото деловно и судско минато.

Охридскај веќе детално го документирало случајот на Јовчески. Наместо отворено писмо, „чуварот“ на Галичица заслужува еден поинаков жанр: хроника.

СУДСКА ХРОНИКА: ИЗГУБЕНИ СИТЕ ТРИ ИНСТАНЦИ

- Advertisement -
Ad image

Ѓуро Јовчески ја тужел Јавната установа Национален парк Галичица за наводно неисплатени прекувремени часови, плаќање ноќна работа, работа во празник и неделен одмор во периодот јануари 2019 – декември 2020 година, со вредност на спорот од 467.682,00 денари.

Основниот суд Охрид, со пресуда РО-86/23 од 22.03.2024 година, во почетокот го усвоил тужбеното барање, задолжувајќи го тужениот да исплати вкупно 415.387,00 денари на различни основи.

Апелациониот суд Битола, со пресуда РОЖ-341/24 од 19.03.2025 година, ја преиначил таа одлука , тужбеното барање на Јовчески го одбил како неосновано. Судот утврдил дека работниот ангажман ноќе, во празник и преку редовното работно време, единствено се докажувал преку книги за редовност кои не биле потврдени и потпишани од страна на тужениот, туку биле пополнувани само од самиот Јовчески. Не постоела заверена писмена документација, немало писмен налог, а исказите на сведоците не можеле да ги поткрепат барањата.

Надвор на тоа, судот го задолжил Јовчески да му ги надомести на тужениот трошоците на постапката во износ од 127.050,00 денари.

Врховниот суд на Република Северна Македонија, со решение РЕВ2-209/25 од 22.01.2026 година, ревизијата на Јовчески ја отфрлил како недозволена. Согласно членот 438 став 4 од Законот за парничната постапка, во спорови од мала вредност ревизијата воопшто не е дозволен правен лек. Пресудата на Апелациониот суд остана на сила.

Три инстанци. Три пати: НЕ.

КРАЖБА ВО „ГАЛЕБ“, ОТКАЗ, НОВА ШАНСА , СТАРИ НАВИКИ

Охридскај веќе известувало дека работничкиот пат на Јовчески не започнал во ЈУНП Галичица. Пред тоа, тој бил вработен во транспортното претпријатие АД Галеб Охрид, на позиција кондуктер-наплатувач. Работата беше едноставна: да наплаќа карти и дневниот промет да го предава во благајната. Но дневниот промет не стигнувал секогаш таму. По откривањето на злоупотребата , Јовчески бил отпуштен.

По отказот, го пронашол своето место во ЈУНП Галичица, прво по договор, а потоа и трајно. Позицијата: чувар на природата. Но природата, се покажа, не беше во сигурни раце на Јовчески.

ДАЛЕКОВОДИ НА АРМ И МВР: ИСЕЧЕНИ, ПРОДАДЕНИ

Охридскај, врз основа на документи и фотографски докази доставени од граѓани на Трпејца, известувало за еден од најсериозните скандали во историјата на заштитените подрачја во Македонија.

Во текот на јули и август 2024 година, на локацијата Лакоски Гној во Галичица, биле демонтирани и исечени 15 далеководни метални столбови , сопственост на Република Северна Македонија, конкретно на Армијата на РСМ (АРМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР). Столбовите биле дел од инфраструктура со стратешко и безбедносно значење за државата. Металот завршил во Отпад.

Во акцијата, наводно, учествувале: Ѓуро Јовчески ,вработен во ЈУНП Галичица; Андон Бојаџи ,  раководна фигура во ЈУНП Галичица; и Антонио Додески , наводно претседател на НВО Патагонија и вработен во Горско-спасителната служба на Црвен Крст Охрид. За целата операција, наводно, биле обезбедени механизација, тешка опрема и логистика , однапред планирано.Заработиле 9.000.000,оо денари.

Дополнително, на истата локација биле закопани остатоци кои претставуваат опасен радиоактивен отпад.

Охридскај постави јавно прашање уште тогаш: каде е Обвинителството за организиран криминал и каде е министерот Тошковски? Прашањето сè уште е без одговор.

ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ПАТНИ НАЛОЗИ: НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Приказната не завршила со судската пресуда. На 5 февруари 2026 година, во Секторот за внатрешни работи Охрид е поднесена кривична пријава против Јовчески. Обвинението: фалсификување на службени документи , конкретно, патни налози за деновите 27, 28, 29, 30 и 31 јануари 2026 година, на кои наводно бил ставен фалсификуван потпис на директорката на ЈУНП Галичица.

Ова не е прв пат. Апелациониот суд, во образложението на пресудата РОЖ-341/24, утврдил дека книгите за редовност врз кои Јовчески ги засновал своите судски барања не биле потврдени и потпишани од страна на работодавачот, туку биле внесувани само од него самиот. Истиот образец: сам си пишуваш, сам си потпишуваш, па побаруваш пари.

ЗЕМЈА ИСТРУЕНА КРАЈ ОХРИДСКО ЕЗЕРО: ОШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ

Охридскај известувало и за уште еден скандал поврзан со ЈУНП Галичица: 300 кубни метри земја биле истурени крај реката Черава и Охридското Езеро , поголема еколошка повреда во заштитено подрачје со UNESCO-статус. И повторно, истите имиња се провлекуваат во контекстот на случајот.

ОТВОРЕНОТО ПИСМО: ПРАШАЊА НАМЕСТО ОДГОВОРИ

Во своето отворено писмо, објавено преку порталот ОхридНЕТ , портал со крајно сомнителна и нетранспарентна сопственичка структура , Јовчески алудира на Охридскај. Иронијата е очигледна: човек со судско досие, кривична пријава и три изгубени судски инстанци, избира да пишува писма преку медиуми чие финансирање и сопственост се под прашање , наместо да одговори на конкретни, документирани факти.

Наместо да одговори на обвинувањата, тој напаѓа. Класична тактика на оној кој нема аргументи и хроничен патолошки лжго.

Но наместо Охридскај да одговара, Јовчески треба да одговори на следните прашања:

  1. Зошто Апелациониот суд Битола утврдил дека книгите за редовност врз кои ги темелел своите судски барања , биле пополнувани само од него, без потврда на работодавачот?
  2. Зошто е поднесена кривична пријава за фалсификување патни налози во јануари 2026 година?
  3. Зошто е отпуштен од АД Галеб Охрид?
  4. Каква е неговата улога во демонтажата на далеководните столбови на АРМ и МВР на локацијата Лакоски Гној во летото 2024 година?
  5. Каде завршил металот од тие столбови?
  6. Кој наредил закопување на радиоактивниот отпад?

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: ВЕДНАШ И НЕОДЛОЖНО ДА ПОСТАПИ,А НЕ ДА ЧЕКА МАСЛИНКА!

По правосилната одлука на Врховниот суд на РСМ РЕВ2-209/25 и пресудата на Апелациониот суд Битола РОЖ-341/24 , во кои е судски потврдено дека Ѓуро Јовчески самостојно ги пополнувал и фалсификувал деловните книги на ЈУНП Галичица со цел да извлече финансиска корист , Јавното обвинителство на РСМ нема повеќе оправдување за бездејствие.

Судот не е Ватикан. Пресудата не е маслинка на која може да се чека со години. Постои правосилна судска пресуда дека биле изготвувани книги со невистинита содржина. Постои поднесена кривична пријава за фалсификување патни налози во февруари 2026 година. Постои пријава за кражба на државна инфраструктура , 15 далеководни столбови на АРМ и МВР продадени во откуп.

Охридскај бара јавно и недвосмислено: Јавното обвинителство на РСМ веднаш и неодложно да поднесе обвинителен акт против Ѓуро Јовчески.

Ако обвинителството молчи додека судовите зборуваат, граѓаните имаат право да прашаат: зошто?

ЗАКЛУЧОК: ЕМ ШУТ, ЕМ БОДЕ

Во македонскиот јазик постои мудра народна поговорка: „ем шут, ем боде.“ Точно опишува еден човек кој, прикриен зад синдикалната функција и пишаното отворено писмо преку нетранспарентен портал, всушност одбива да одговори на ниту едно конкретно прашање.

Ѓуро Јовчески нека продолжи да пишува отворени писма. Охридскај ќе продолжи да ги објавува документите, пресудите и фактите.

Судот веќе рекол свое. Обвинителството нека не чека маслинка.

Редакција Охридскај | Охрид, 2026

Поврзани објави: ohridsky.com

Прилог судски пресуди:

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation