Соединетите Американски Држави трошат огромни количини прецизни крстосувачки ракети во војната против Иран, што предизвикува загриженост дека резервите се намалуваат побрзо од очекуваното. Според извештаи на американски медиуми, во првите четири недели од конфликтот биле истрелани повеќе од 850 „томахавк“ ракети – оружје што важи за клучно бидејќи овозможува удари од голема далечина без ризик за пилотите.
Следната фаза од американската воена кампања против Иран ќе потроши речиси цел арсенал на „невидливите“ крстосувачки ракети од типот „ЈАССМ-ЕР“, кои итно се повлекуваат од залихите наменети за други региони, пренесува Блумберг.
Пред војната САД располагаа со 2.300 ракети „ЈАССМ-ЕР“, а моментална состојба, според преместките на Блумберг, е дека останале околу 425 оперативни ракети. Експертите предупредуваат дека со користење на овие далекуметни ракети (со дострел над 960 километри), САД го намалуваат ризикот за своите пилоти, но истовремено ги трошат ресурсите наменети за потенцијален судир со противници како Кина. Обновата на овие залихи, со сегашното темпо на производство, би траела со години.
Покрај „ЈАССМ-ЕР“, американските сили истрелаа и стотици крстосувачки ракети „Томахавк“. Иако голем дел од иранската противвоздушна одбрана е уништен, Иран сепак успеа да собори американски авиони Ф-15Е и А-10, што укажува на тоа дека небото над Иран сè уште не е целосно безбедно. Ова темпо на користење алармирало дел од претставниците во Пентагон, кои предупредуваат дека залихите се „загрижувачки ниски“, особено ако се има предвид дека годишното производство е ограничено. Исто така проблем претставуваат и тешкотиите во набавката на ретки земјени метали, кои се неопходни при производството на овие ракети.
Ракетите „томахавк“ можат да погодат цели на оддалеченост од над 1.000 километри и се едно од главните средства во американските напади врз иранските воени цели, но токму нивната масовна употреба отвора прашања за одржливоста на арсеналот во подолг конфликт.
Од Белата куќа уверуваат дека САД располагаат со доволно муниција за тековните операции, но воено-индустрискиот сектор веќе се соочува со притисок да го забрза производството на нови ракети за да се надоместат потрошените резерви.
Иако Пентагон планира драстично зголемување на производството на овие пресретнувачи до 2030 година, моменталните капацитети се недоволни поради интензитетот на конфликтот на Блискиот Исток и брзото трошење на залихите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
