Background

На пребеганата Ива Михаилова, која на 11 октомври замина во Бугарија и покрај судските мерки за претпазливост, ќе ѝ се суди во отсуство за сообраќајната несреќа со смртни последици

На пребеганата Ива Михаилова, која на 11 октомври замина во Бугарија и покрај судските мерки за претпазливост, ќе ѝ се суди во отсуство за сообраќајната несреќа со смртни последици. Одлуката е донесена по предлог на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, од каде што потврдија дека следното рочиште е закажано за 9 ноември.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е решение на И.М., обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да ѝ се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи“, соопшти Обвинителството.

Оттаму прецизираат дека следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот.

- Advertisement -
Ad image

Михаилова е обвинета за сообраќајната несреќа што се случи на 7 октомври 2025 година на експресниот пат Штип – Кочани, кај Горни Подлог. Во несреќата загина едно лице, а повеќе беа повредени. Таа ја отфрла вината и тврди дека несреќата не настанала по нејзина вина.

Обвинетата, која има и бугарско државјанство, ја напушти Македонија и замина во Софија иако ѝ беа одземени македонскиот и бугарскиот пасош и ѝ беше забрането да ја премине границата. По нејзиното заминување, МВР распиша централна и меѓународна потерница, а Основниот суд во Кочани ѝ одреди 30-дневен притвор.

Нејзината одбрана тврдеше дека потребното лекување не може да го добие во Македонија. Министерот за здравство Сашо Клековски, пак, ја оспори медицинската оправданост за лекување во странство, по што беше покрената и проверка на медицинската документација.

Министерот најави посебна стручна комисија што ќе го испита лекувањето како и дополнителни контроли во другите здравствени установи каде што била третирана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖