Background

Мицкоски: Мора да се подготвивме за тешка година, бидејќи кризата на Блискиот Исток ќе трае подолго, а последиците од неа ќе бидат поизразени

Мора да се подготвивме за тешка година, бидејќи кризата на Блискиот Исток ќе трае подолго, а последиците од неа ќе бидат поизразени, изјави премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи ги новите мерки на владата за намалување на акцизата.

Тој рече дека сето тоа ќе влијае на буџетот од кој се финансираат мерките и најави негов ребаланс во јуни. Првите последици од кризата како што рече ќе се почувствуваат со раст на инфлацијата.

-Робусните мерки се првиот чекор кој го преземаме. Очекуваме тоа да влијае при контрола на инфлацијата. Очекувам инфлацијата во март да се движи некаде на половина од тоа што било лани во март, односно да биде некаде помеѓу 4 и 5%. Цениме дека овие први робусни чекори го даваат својот ефект. Министерството за финансии анализира за сите основни прехранбени производи кои се со 5% ДДВ да ги намалиме на 0 проценти, но тоа е премалку во споредба со овие поголеми мерки кои ги преземаме – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Нашите прогнози и очекувања се, додаде, дека целата оваа криза ќе има продолжено дејство.

-Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука сме да ги следиме сите овие работи и да реагираме врз основа на приоритетите. Треба да се помине овој период, а не да се брои приходот, профитот и т.н.. Се подготвуваме за подолг и потежок период. И пред кризава планиравме некаде кон крајот на јуни да имаме рабаланс на Буџетот. Веќе се прават првичните анализи, очекувам во мај да биде подготвен и да ја помине владината процедура, во јуни да се даде на собраниска постапка и јули да го почнеме со ребалансираниот буџет – појасни Мицкоски.

Тој рече дека и покрај зголемувањето на потрошувачката на горива од 10 на 15 % земјава има доволно нафтени деривати.

-Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба на ограничување од аспект на волумен како што направија некои земји од ЕУ. Не само што тоа не го правиме туку голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите со гориво. Зголемена е потрошувачката. Ако во првиот месец беше 10% сега веќе е 15% – рече Мицкоски.

Тој додаде дека засега нема потреба од воведување на некои од препораките за штедење по примерот на ЕУ бидејќи има доволно количини на горива.

Од понеделник, како што рече, се очекува бензините да бидат со цена од 1,32 до 1,37 евра, а нафтата да биде меѓу 1,5 и 1,53 евра за литар. Во продуктоводот Солун-Скопје, како што кажа, има нафтени деривати за 60-тина дена плус за 62 дена во стоковите резерви.

-Во моментов не гледам опасност од количините што е прв приоритет. Втор приоритет е да ги одржиме цената и стабилноста на цената за да не ни се случи како во 2022 година да имаме двоцифрена инфлација. До сега рубусниот пристап дава резултати, а за потоа ќе видиме како ќе се развива кризата. Анализираме се и врз основа на тоа ќе ги носиме натамошните одлуки – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation