Background

Светско училишно првенство во ракомет со млади од 21 земја

Главниот град на Македонија, Скопје, за првпат ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет, едно од најзначајните младински спортски натпреварувања. Првенството ќе се одржи од 21 до 29 април, во организација на Федерација за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерство за спорт.

Со овој престижен настан, Скопје ќе стане центар на светскиот младински ракомет, обединувајќи млади спортисти од повеќе земји со цел промоција на спортските вредности, фер-плејот и меѓународното пријателство.

Свеченото отворање ќе се одржи на 21 април во 19:30 часот на Плоштад Македонија, каде ќе има културно-уметничка програма и дефиле на учесниците.

- Advertisement -
Ad image

На првенството ќе настапат 23 машки и 16 женски екипи, односно делегации од 21 земја. Натпреварите ќе се играат во повеќе спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце“, СРЦ „Архиепископ Доситеј“, СРЦ „Кочо Рацин“, СРЦ „Крсте Мисирков“ и СРЦ „Антон Димитров“. Финалните натпревари ќе се одиграат на 28 април во спортската сала „Расадник“, кога ќе се одржи и свеченото затворање.

Во рамки на шампионатот, на 25 април ќе се одржи „Cultural Day“, посветен на културна размена, додека истата вечер е планиран и „Nations Night“, каде делегациите ќе ги претстават своите земји преку традиција, музика и гастрономија.

– Горди сме што Македонија ќе биде организатор на ова престижно првенство. Ракометот има длабока традиција кај нас и претставува значаен дел од нашиот спортски идентитет. Македонија нема да биде само домаќин на спортско натпреварување, туку домаќин на младоста и енергијата од целиот свет – изјави Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Организаторите посочуваат дека настанот ќе придонесе за промоција на државата како атрактивна спортска и туристичка дестинација, како и за развој на училишниот спорт и меѓународната соработка меѓу младите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation