Топ Вести - Слушај сега
Полицијата уапси 8 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Пет возачи се лишени од слобода за управување на возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол.
„Две лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во битолско, Гостивар и во Струмица. Лицето во Струмица без дозвола управувало возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци. Возач во Македонска Каменица управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. Додека, по еден возач во Скопје и во Кичево управувале возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“ соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.
„Сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, апелира МВР.
Tagged as:
Емиратите и Катар добија предупредување од Иран Саудиска Арабија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
