Топ Вести - Слушај сега
Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) издаде итно предупредување за евакуација на граѓаните од областите на нафтените објекти во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и во Катар, бидејќи тие се легитимни цели што ќе бидат нападнати во наредните часови.
Во соопштението на ИРГЦ се вели дека жителите околу објектите, вклучувајќи ја рафинеријата „Самреф“ и петрохемискиот комплекс „Ал Џубаил“ во Саудиска Арабија, гасното поле Ал Хосн во ОАЕ, петрохемискиот комплекс „Масаид“ и рафинеријата „Рас Лафан“ во Катар, треба да се евакуираат од овие области.
„Овие центри станаа директни и легитимни цели и ќе бидат нападнати во наредните часови. Затоа од сите граѓани, жители и вработени се бара веднаш да ги напуштат овие области и да се преселат на безбедно растојание, без одложување“, се вели во предупредувањето на ИРЦГ.
Американско-израелските напади врз Иран почнаа на 28 февруари и покрај тековните, индиректни преговори меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран.
Иран одговори со масовни напади со ракети и беспилотни летала, насочени кон американските бази во регионот и воените цели во Израел.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
