Топ Вести - Слушај сега
Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата бремена партнерка и ја држел заклучена во соба со часови.
Според судската пресуда, насилството се случило во семејниот дом во градот, кога напаѓачот ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја затворил во просторија каде ја држел околу 15 часа. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди. Кога жената се онесвестила, тој ја разбудил со студена вода и продолжил со физичкото малтретирање.
Судот го прогласил за виновен за телесна повреда и противправно лишување од слобода, по што му била изречена единствена казна затвор во траење од една година.
Од Основен суд Свети Николе информираат дека пресудата засега не е правосилна, а обвинетиот останува во притвор до нејзиното конечнo потврдување, но не подолго од 60 дена.
Tagged as:
Една година затвор за насилникот кој нападна бремена девојка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
