Background

Метеор од седум тони, што во вторникот прелета на небото над Кливленд, САД, со брзина од 72.420 км/ч, пред да се распадне со звук на грмотевица, ги исплаши околните жители кои мислеле дека некаде во близина се случила експлозија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Метеор од седум тони, што во вторникот прелета на небото над Кливленд, САД, со брзина од 72.420 км/ч, пред да се распадне со звук на грмотевица, ги исплаши околните жители кои мислеле дека некаде во близина се случила експлозија.

- Advertisement -
Ad image

Американското метеорско друштво вели дека жителите на подрачјето од Висконсин до Мериленд, на повеќе од 1.000 километри, ја пријавувале бучавата. Извршниот директор на друштвото, астрономот Карл Хергенротер, појасни дека „изгледало како огнена топка“, што значи дека се работи за метеорит или мал астероид. Проценките првично говореа дека станува збор за „нешто со големина на тениско топче или кошаркарска топка – најмногу“, како што вели научникот. Но, се покажа дека тоа е доста погрешно.

Новата проценка е дека станува збор за парче од седум тони. НАСА подоцна утврди дека станува збор за метеорит со дијаметар од речиси 1,83 метри

Метеорот првпат бил виден на околу 80 км над езерото Ири. Патувал повеќе од 55 километри низ горната атмосфера пред да се распадне над Вали Сити, Охајо, соопшти НАСА. Ослободил енергија од 250 тони ТНТ кога се распаднал, предизвикувајќи гласен звук на експлозија. Персоналот на Националната метеоролошка служба во Кливленд, исто така, го слушнал и ги почувствувал вибрациите.

Нема извештаи за остатоци од метеорот.

– Може да има некои мали фрагменти, но голем дел од материјалот веројатно изгорел во атмосферата, рече метеорологот на Националната метеоролошка служба, Брајан Мичел.

Метеорит удира некаде во САД околу еднаш дневно, според Хергенротер, додека помалите парчиња вселенска прашина можат да удираат и до 10 пати на час. Научниците ги следат метеорите преку мрежа од специјални камери за ноќно небо, а денес и сè повеќе луѓе ги снимаат со своите мобилни телефони и камери за надзор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation