Топ Вести - Слушај сега
Соединетите Американски Држави дека би можеле да се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат копнени сили во војната, предупреди заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде.
Во разговор за Скај њуз од својата канцеларија во Техеран, Хатибзаде рече дека Иран е подготвен да се бори колку што е потребно и дека земјата во моментов не е фокусирана на дипломатско решение на конфликтот.
Заменик-министерот за надворешни работи не ја исклучи можноста за преговори, но јасно стави до знаење дека од САД и од нивните сојузници зависи да излезат со предлог што би го завршил конфликтот еднаш засекогаш.
На прашање за можноста САД да испратат копнени воени сили, тој упати порака до американскиот претседател Доналд Трамп: „Само прочитајте што се случи во Виетнам“.
– Американските војници, би можеле да доживеат слична судбина во Иран. Тие разбираат дека оние што ги влечат во оваа војна можат да ги вовлечат и во мочуриште од кое е тешко да се излезе – нагласи тој.
Неговите изјави доаѓаат по 2 недели разорен конфликт во кој, според иранските податоци, речиси 1.500 Иранци загинале во војната со САД и Израел, додека милиони луѓе се раселени.
Во војната загинале и речиси 1.000 луѓе надвор од Иран. Меѓу нив, 850 луѓе биле убиени во Либан, 30 во Ирак, 13 во Обединетите Арапски Емирати, 6 во Кувајт, 12 во Израел, 4 во Сирија, двајца во Оман, двајца во Саудиска Арабија и двајца во Бахреин.
Загинаа и 13 американски војници и еден француски војник.
Хатибзаде, исто така, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ги влече САД во војната.
– Тие треба внимателно да размислат кога се справуваат со Иран и да не ги слушаат советите на оние кои не го познаваат Иран и кои со децении се обидуваат да добијат војна против Иран со парите на американските даночни обврзници и крвта на американските војници – рече заменик-министерот.
Нетанјаху и израелскиот режим имаат своја агенда да ја претворат оваа војна во нивна победа, на сметка на сите други, додаде тој.
Зборувајќи за здравјето на новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, заменик-министерот за надворешни работи рече дека тој е „здрав и ја води земјата“, и покрај тоа што сè уште не се појавил во јавноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
