Кога намалувањето за 3 денари се претвора во поскапување за 7
| ВЕТЕНО НАМАЛУВАЊЕ
−3 денари само ОКТА |
ПОСКАПУВАЊЕ БЕНЗИН
+7 денари на пазарот |
ПОСКАПУВАЊЕ ДИЗЕЛ
+6.5 денари на пазарот |
Само пред три дена, премиерот Христијан Мицкоски го најави договорот со ОКТА — намалување на цените на нафтените деривати за цели 3 денари. Провладините медиуми реагираа со брзина на светлината. Партиските ботови го окупираа интернет просторот. Сè беше совршено.
Само еден детал беше заборавен: договорот важи само за ОКТА. За Макпетрол и останатите компании — апсолутно ништо.
Официјален одговор на Макпетрол
„До Макпетрол до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која би се промениле договорните услови помеѓу двете компании.“
„РКЕ со ваквото укажување до трговците излегува надвор од своите овластувања и професионалните стандарди.“
Сепак, Регулаторната комисија за енергетика порача компаниите да го „почитуваат договорот“. Кој договор? Оној склучен помеѓу премиерот и само една компанија , без законска обврска за останатите пазарни учесници.
Наместо намалување, граѓаните утредента добија поскапување: бензин за 7 денари, дизел за 6,5 денари. Аритметиката на власта е едноставна ,огласувај намалување, прифаќај поскапување.
И така, следува прашањето: која ќе биде следната епизода на Итар Пејо? Можеби нов договор, овој пат со бензинска пумпа од Кичево. Намалување за 5 денари ,но само ако платиш со кеш, само во вторник, и само ако си член на правата партија.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
