Топ Вести - Слушај сега
Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија број 45/2026).
Оглас за претседател на РКЕ беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.
Согласно Законот за енергетика, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието, предлог кандидат за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
