Background

Во екот на војната на Блискиот Исток  и нападите врз објекти во Обединетите Арапски Емирати се актуелизира прашањето на имотите на македонските државјани таму и посебно на македонски фирми кои работат во Дубаи

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во екот на војната на Блискиот Исток  и нападите врз објекти во Обединетите Арапски Емирати се актуелизира прашањето на имотите на македонските државјани таму и посебно на македонски фирми кои работат во Дубаи.

- Advertisement -
Ad image

Нема официјални податоци за тоа колку македонски фирми работат во Дубаи и колку Македонци поседуваат недвижнини таму.

Последен податок кој е објавен е оној кој го соопшти владината прес служба лани за време на посетата на владина делегација предводено од премиерот Христијан Мицкоски  во емиратите. Тогаш беше соопштено дека 52 компании се регистрирани во Стопанската комора на Дубаи, а 5 од нив се регистрирани на почетокот на 2025 година.

Но, тогаш не беше кажано со што се занимаваат овие фирми кои се нивните сопственици  и колкави се нивните приходи.

Истражување, пак, на норвешкиот финансиски центар Е24 објавено во 2022 година посочува дека 45 македонски државјани во 2020 година биле сопственици на 55 имоти во Дубаи. Вредност на овие имоти тогаш изнесувала 14 милиони долари.

Од соседството, како што се наведува во истражувањето, помалку од пет државјани на Косово имаат „помалку од пет имоти“, во вредност од еден милион евра. Во вкупна вредност пак од 7 милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти. Најмногу имоти во Дубаи, од регионот има Србија, вкупно 287 кои се во сопственост на 237 луѓе, а нивната вредност е 74 милиони евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation