Background

Моџтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али Хамнеи, наводно не бил избор на својот татко за врховен лидер на Иран

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Моџтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али Хамнеи, наводно не бил избор на својот татко за врховен лидер на Иран. Разузнавачки проценки од САД и од Израел тврдат дека таткото се сомневал во неговите способности.

- Advertisement -
Ad image

Разузнавачки извештај на американските служби, објавен од Си-Би-Ес Њуз, се наведува дека таткото „не го сметал за особено бистар и не го гледал како квалификуван лидер“.

Оваа проценка се совпаѓа со наводи од извори блиски до иранскиот режим. Според нив, Моџтаба не ги исполнувал условите што самиот Али Хамнеи ги поставил за избор на врховен лидер.

Тивка борба за моќ, раскол во елитата

Изборот на Моџтаба предизвика отпор во дел од политичката и религиозната елита во Иран. Аналитичката платформа Амваџ наведува дека именувањето било туркано од кругови блиски до Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Клучна фигура во процесот бил Хусеин Таеб, поранешен шеф на разузнавањето на ИРГЦ и близок сојузник на Моџтаба.

Собранието на експерти, тело од 88 членови кое формално го избира врховниот лидер, било под силен притисок веднаш да ја потврди кандидатурата.

Вториот човек на Хамнеи оттурнат

Разузнавачките извештаи тврдат дека кампањи биле водени против други можни кандидати. Еден од нив бил Али Асгар Мир Хеџази, долгогодишен заменик-шеф на кабинетот на Али Хамнеи.

САД претходно понудија награда од 10 милиони долари за негово апсење. Вашингтон го опишува како втор човек во структурата на врховниот лидер.

Друг можен кандидат бил ајатолахот Алиреза Арафи, влијателен свештеник и претседател на верскиот центар во Ком. Тој јавно сигнализирал дека времето не е погодно за пренос на лидерството на неискусен наследник.ah

Гардата раководи, а не Хамнеи?

Американските и израелските разузнавачки анализи зборуваат за хаос во управувањето. Документите наведуваат дека вистинската моќ моментално е концентрирана во Корпусот на револуционерната гарда.

Во извештаите се наведува дека во Техеран во моментов нема функционален механизам за носење одлуки. Ова, според аналитичарите, создава впечаток дека земјата практично останала без стабилно лидерство.

Ранет, но веројатно жив

Израелските разузнавачки служби сметаат дека Моџтаба бил погоден во нападот во кој загинале повеќе високи ирански функционери, меѓу кои и неговиот татко. Сепак, проценката е дека Моџтаба „веројатно не е мртов“.

Израелски разузнавачки извори сметаат дека токму ова може да објасни зошто погребот на неговиот татко Али Хамнеи бил одложен. Според шиитската традиција, погребот обично следи веднаш по смртта.

Еден извор за британскиот „Тајмс“ изјавил дека само мал круг луѓе ја знае неговата вистинска состојба на Моџтаба.

Доколку се појави во јавност, разузнавачките проценки предвидуваат дека Моџтаба ќе се потпре на тесен безбедносен круг. Во него би доминирале луѓе од безбедносните служби и од ИРГЦ.

Сепак, 56-годишниот шиитски свештени сè уште не се појавил во јавноста.

Неговата единствена официјална порака заега е кратка изјава прочитана на државната телевизија.

Пораката беше емитувана без негово лично појавување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation