Топ Вести - Слушај сега
Во Владата вечерва се одржал состанок посветен на Реформската агенда, со фокус на унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира премиерот Христијан Мицкоски.
Како што објави Мицкоски на својата Фејсбук страница, на состанокот биле разгледани конкретни чекори за спроведување на реформите и зајакнување на институциите.
„Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, напиша премиерот.
Тој потенцира дека реформите не се декларативна заложба, туку обврска и континуиран процес кој бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината.
„Реформите не се декларација, туку обврска – процес што бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината. Продолжуваме посветено да работиме на реални и одржливи решенија“, додава Мицкоски во објавата.
Tagged as:
Мицкоски откри што се договарало вечерва во Владата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
