Топ Вести - Слушај сега
На 59-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски.
Јанчовски, кој беше и професор, музичар и издавач, е автор на над 30 книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја, за православното монаштво во Македонија.
На 23 јануари на својот профил на Фејсбук тој објави дека излезе од печат книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк, чиј уредник и преведувач е Јанчовски и кој најави промоција за еден месец.
Во 2024 Јанчовски одбележа 25 години творештво. Истата година со Бранислав Николов го создадоа поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.
Простувајќи се од Јанчовски, од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) истакнаа дека тој „со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје“.
Јанчовски е дипломец на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за Средновековни студии на Централноевропскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година.
Од 2013 до 2016 година објавуваше колумни во Утрински весник, во рубриката „Рурбано“. Има издадено и книга колумни „Како ми скроија капа и други записи“ (декември 2018). Од 2021 година објавуваше колумни во месечникот „Економија и бизнис“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
