Топ Вести - Слушај сега
Американската актерка Џејми-Лин Сиглер беше најпозната на пошироката јавност по култната серија „Сопранови“, во која ја гледавме како Медоу Сопрано, разгалената и паметна ќерка на главниот лик Тони и неговата сопруга Кармела Сопрано.
Џејми-Лин продолжи да ја гради својата кариера по „Сопранови“ и се појави во други серии и филмови, но на само 20-годишна возраст се соочи со сериозна дијагноза на мултиплекс склероза што ѝ го промени животот.
Деновиве, таа ги загрижи своите обожаватели со фотографии на кои е во инвалидска количка на аеродром, пишува Дејли мејл. 45-годишната актерка изгледала исцрпено, но им кажала на собраните фотографи дека се чувствува добро. Подоцна била видена како оди без помош откако поминала низ терминалот и се качила сама во автомобилот што ја чекал.
Актерката неодамна се појави во серијата „Grey’s Anatomy“, играјќи ја улогата на докторка-гостин, д-р Лаура Каплан, која страда од мултиплекс склероза – истата болест со која се бори и самата Сиглер.
Неодамна актерката отворено зборуваше за својата дијагноза, како и за годините додека ја чувала во тајност, во интервју за „Good Morning America“.
– Да ми кажеше некој пред 25 години, кога ми беше дијагностицирана и морав да ја кријам затоа што мислев дека никогаш повеќе нема да работам, дека еден ден мојата мултиплекс склероза ќе инспирира за улога во „Grey’s Anatomy“, немаше да му верувам. Мојот прв кадар, каде што велам „Имам мултиплекс склероза“, беше многу емотивен за мене – вели таа.
Џејми-Лин објасни колку е важно за неа да прикаже на екранот лик кој автентично живее со мултиплекс склероза. Таа исто така нагласи дека се надева дека улогата што ја игра сега ќе ги инспирира другите кои исто така се борат со оваа болест, за која нема лек.
– Сите ние носиме одредени товари во животот – работи низ кои мора да поминеме, со кои мора да се справиме или за кои чувствуваме срам или вина. Се надевам дека некој, гледајќи ја мојата приказна од своја перспектива, ќе најде повеќе можности и надеж за себе во неа – заклучи таа.
Џејми-Лин денес, покрај тоа што е актерка, делува и како активистка за луѓе со мултиплекс склероза.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
