Background

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто го соопшти ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто го соопшти ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image

Тој, коментирајќи ја изјавата на неговиот украински колега Андреј Сибиха за „Европската вистина“ дека „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ“, потврди дека тоа е „целосно точно“.

„Нема ништо ново за нас во фактот дека Андреј Сибиха не е наш пријател, тој нè мрази и нè напаѓа. Сепак, во интервјуто на министерот имаше една фраза со која целосно се согласуваме: „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ“. Ова е сосема точно“, напиша унгарскиот министер на Фејсбук.

Тој додаде дека додека сегашната унгарска Влада е на власт, „Украина нема да биде членка на Европската Унија, бидејќи Украинците ќе донесат војна во ЕУ“.

Според него, приемот на Украина во ЕУ би значело дека оваа земја ќе биде финансирана од европските даночни обврзници, а како резултат на тоа европската економија би била во загуба.

„Нашите земјоделци би банкротирале поради украинското жито со низок квалитет, а нашата земја би станала транзитен центар за украинската мафија. Но, додека сме на власт, тоа нема да се случи“, рече унгарскиот министер.

Според него, затоа Украина се меша во претстојните унгарски парламентарни избори и е заинтересирана за победа на опозициската партија Тиса.

– На изборите на 12 април ќе биде одговорено на прашањето за мир или војна, Унгарија или Украина, рече Сијарто.

Претходно, унгарското Министерство за надворешни работи го повика украинскиот амбасадор во Будимпешта за да му предаде протест поради мешањето на Украина во изборниот процес во Унгарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation