Топ Вести - Слушај сега
Времето денеска е променливо облачно и студено со сончеви периоди. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.
Во Скопје, времето е променливо облачно и студено со сончеви периоди. Дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината, повремено засилен северен ветер.
Според УХМР, минималните утрински температури се движат од минус 15 во Крушево до минус 5 во Дојран, а максималните дневни од минус 3 во Берово до 3 Целзиусови степени во Дојран и Гевгелија.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, на Попова Шапка во овие моменти се измерени температура до минус 17 степени, а на Титов Врв биле измерени минус 25 степени.
„Сето ова е поради екстремно ладниот бран кој се спушта од север кон нашиот дел од европскиот континент и истиот условува да имаме екстремно ладно, но суво време“ – пишува Попоски на својот портал Метеоаларм.
Целата прогноза на Метеоаларм може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
