Топ Вести - Слушај сега
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Руските сили нападнаа во текот на ноќта неколку области од Киевската област, а во нападот беа оштетени станбени згради, градилишта и деловни објекти, објавија претходно украинските власти.
Неколку експлозии одекнаа низ целиот главен град, а во градот Бровари, на околу дваесет километри од Киев, како и во околните области, имаше прекин на електричната енергија.
Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека бројот на повредени во Киев се искачи на најмалку 11 лица.
– Единаесет жртви во Киев. Осум лица се хоспитализирани во медицинските установи во главниот град. На другите им е укажана помош на лице место или амбулантски – објави Кличко, пренесува Укринформ.
Укринформ објави дека бројот на жртви е 19. Украинските власти објавија дека меѓу жртвите има две деца.
Пожар избувна во областа Холосијевски во градот, додека делови паднаа во областите на општините Оболонска и Десњанска.
Штети се регистрирани и во близина на Киев. Во Вишгород се оштетени прозорците на повеќекатна зграда, додека во областа Борисовски се оштетени неодреден број магацини и два автомобили, потврди гувернерот на Киевската област, Микола Калашник, додавајќи дека критичната инфраструктура повторно била цел на напади.
Укринформ информира и дека се оштетени производствените капацитети на една компанија и два автомобили, а пожарот избувна на градилиштето, се наведува во соопштението.
Во Киев и голем број украински региони, воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети, според Укринформ.
Како одговор на рускиот напад од големи размери, Полска ноќеска ги мобилизираше своите воени авиони, објавија полските вооружени сили. Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили предупредија за постојана закана од руски беспилотни летала и ракети низ целата земја.
Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор на руските напади врз Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖