Топ Вести - Слушај сега
Повеќе од 25 тони пиротехнички средства се запленети во координирана полициска акција на наплатната станица Градско и на неколку локации во Скопје, а приведени се две лица од главниот град, меѓу кои и полициски службеник.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 декември 2025 година околу 08:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, заедно со Единицата за недозволена трговија со оружје и опасни материи, ги лишиле од слобода Н.Р. (41) и И.Р. (41), двајцата од Скопје.
При контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски таблички, управувано од Н.Р., а во кое како сопатник бил И.Р. – полициски службеник вработен во Полициската станица Бит Пазар, била откриена и одземена поголема количина пиротехнички средства. За истите, приведените не поседувале никаква документација, а изјавиле дека наводно припаѓаат на правно лице од Скопје.
По ова, полицијата продолжила со дополнителни активности, при што пред магацин на истото правно лице било пронајдено уште едно товарно возило, целосно натоварено со пиротехника, кое било оставено и напуштено.
Акцијата продолжила и денеска, кога со судска наредба бил извршен претрес во магацинските простории на правното лице. При претресот биле пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.
Од полицијата најавуваат дека истрагата продолжува и дека се преземаат мерки за утврдување на сите лица вмешани во случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволена трговија со опасни материи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖