Трамп, има намера да ја запре масовната миграција во светот и да воведе гранична контрола како клучен елемент на американската безбедност, според документ објавен денес од Белата куќа

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД, Доналд Трамп, има намера да ја запре масовната миграција во светот и да воведе гранична контрола како клучен елемент на американската безбедност, според документ објавен денес од Белата куќа.

„Ерата на масовна миграција мора да заврши. Безбедноста на границите е клучен елемент на националната безбедност“, се наведува во документот од 33 страници насловен како „Стратегија за национална безбедност“, објавува Ле Фигаро на својата веб-страница.

Белата куќа предупреди дека европскиот континент ќе биде непрепознатлив ако продолжат сегашните трендови.

„Постои ризик од „цивилизациско бришење“ во Европа „ако продолжат сегашните трендови, континентот ќе биде непрепознатлив за 20 години или помалку“, предупреди Белата куќа.

Во документот, исто така, се вели дека САД сакаат да ја вратат американската супериорност во Латинска Америка.

„Треба да ја заштитиме нашата земја од инвазија, не само од неконтролирана миграција, туку и од прекугранични закани како што се тероризмот, дрогата, шпионажата и трговијата со луѓе“, се наведува во документот.

Share This Article