Плоштадот посветен на Јосип Броз Тито во Велење, Словенија, утрово осамна со обезглавен споменикот. Непознат сторител синоќа ја одвоил главата од статуата висока повеќе од 6 метри, а локалната полиција брзо го решила случајот.
Осомничен е 49-годишен жител на областа Велење. Полицијата ја пронашла бронзената глава во багажникот на неговата „Шкода Кодијак“, возило со две различни хрватски регистарски таблички.
Сведок пријавил дека видел човек како товари голем метален предмет во темен автомобил во близина на музичкото училиште. Патролата која ја следела сообраќајната рута го запрела возилото.
Полициската управа во Целје го квалификува инцидентот како „чин на сквернавење на културното и историското наследство“.
Истрагата продолжува поради сомнение за кривично дело оштетување или уништување предмети од особено културно значење.



























