Римскиот јавен превозник ќе им плати надомест за доцнење на патниците

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компанијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, се обврза да им понуди на граѓаните поврат на средства за лоша услуга во вкупен износ повисок од 3 милиони евра, по што е завршена и истрагата  на регулаторот за заштита на пазарната конкуренција,поведена во февруари.

Истрагата за „можни нефер деловни практики“ беше покрената врз основа на жалби дека „Атак“ наводно не ги исполнил стандардите за квалитет што ги склучил со градот Рим од 2021 до 2023 година во однос на целите за навремено пристигнување и заминување на возилата, функционалност на ескалаторите и лифтовите и вработување на обезбедување на станиците на метрото.

„Атак“ сега ќе треба да им врати пари на сопствениците на годишни билети, изјави регулаторот, што ги зема предвид и правата на потрошувачите покрај пазарната конкуренција.

Според италијанскиот закон, прекршувањата на прописите за правата на потрошувачите може да доведат до казни за компаниите во износ од 5.000 до 10 милиони евра.

„Атак“ ќе плати по 5 евра на секој сопственик на годишни билети за 2024 година, а истиот износ ќе им се даде на сопствениците на годишни билети во периодот од 2021 до 2023 година.

Годишните билети за јавен превоз во Рим чинат 250 евра, без попусти.

Share This Article