Најмалку четири лица загинаа во голем пожар што зафати неколку станбени високи згради во Хонг Конг.
Снимките покажуваат пламен и густ чад што се излева од зградите, а се верува дека неколку луѓе се заробени внатре.
Според првите информации, пожарот се проширил преку бамбусовото скеле поставено на надворешната страна од зградите, а службите за итни случаи се на терен, објавува Би-Би-Си.
Извор: Ројтерс



























