Background

Огромен пожар во јапонскиот град Оита

Повеќе од 170 објекти се оштетени во голем пожар кој ноќта спроти средата зафати густо населено станбено подрачје во јапонскиот град Оита, при што едно лице го загуби животот, соопштија локалните власти.

Полицијата потврди дека на местото на пожарот било пронајдено тело и работи на утврдување на идентитетот, односно дали станува збор за 76-годишен маж кој се води како исчезнат, пренесе агенцијата Кјодо.

Противпожарните екипи повеќе од 12 часа по избувнувањето продолжиле да се борат со огнената стихија во областа на пристаништето Саганосеки, каде што пожарот бил пријавен во вторникот околу 17:45 часот. Огнот зафатил околу 48.900 квадратни метри и се проширил и кон шумски предел, поради што префектурата Оита побарала дополнителна помош.

- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Оита, Шиња Адачи, изјави дека не се очекува понатамошно ширење на пожарот. Високиот претставник на префектурата, Шого Фуџикава, истакна дека количината на чад се намалува и дека пожарот би можел наскоро да биде ставен под контрола, но предупреди дека е рано за конечни процени.

Премиерката на Јапонија, Санае Такачи, на платформата Икс порача дека владата ќе обезбеди „максимална поддршка во соработка со локалните власти“.

Според компанијата „Кјушу Електрик“, до 350 домаќинства останале без електрична енергија како последица од пожарот.

Пожарот избувнал во станбеното подрачје североисточно од пристаништето Саганосеки, а претходно Метеоролошката агенција на Јапонија имала издадено предупредување за силен ветер во регионот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation