Централната банка на Србија добила предупредување односно можност за воведување на секундарни санкции од САД, поради Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Ова за српските медиуми го потврди гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, која рече дека предупредувањето е сфатено сериозно.
– Добивме предупредување дека како субјект кој соработува со деловен субјект кој е под санкции. Ова е сериозно предупредување за нас – рече Табаковиќ.
Според неа, предупредувањето дошло во време кога дел од администрацијата на американската Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) била блокирана, па затоа, по барањата, Банката не добила прецизно објаснување што би вклучувале сите тие секундарни санкции.
– Не можевме да добиеме попрецизно објаснување, но го сфаќаме тоа предупредување сериозно. Се надевам дека нема да има бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања – рече таа.



























