Background

Концерт во чест на легендата Влада Дивљан од „Идоли“

В понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи голем концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан. На сцената, како специјални гости ќе се придружат нашиот Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика, велат организаторите.

Концертот, насловен „Само една љубов имам”, го подготви групата „Невладина Организација” по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот каде што Влада Дивљан живееше и твореше од 1999 година до крајот на животот, а по Белград и Загреб, сега пристигнува и во Скопје како дел од програмата на фестивалот ТАКСИРАТ.

- Advertisement -
Ad image

Владиниот бенд „Невладина Организација” го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац, Марко Миливојевиќ, како и подмладокот Дамјан Дашиќ и Марко Чалиќ. Нивната најважна мисија е зачувување на Владините големи хитови и безвременски песни, и повторно доживување на неговата музика заедно со публиката.

Македонската публика ќе има прилика да го чуе и види бендот кој работеше со единствениот уметник Влада Дивљан и да ги запее песните од неговиот богат опус и од сите периоди на неговата музичка кариера. Невладина Организација ќе ги изведе во живо најубавите песни од неговиот каталог – од времето на „Идоли”, па преку соло делата, до „Олд Старс” бендот, „Невладина Организација” и „Лјетно кино”.

Влада Дивљан, пејач, композитор, гитарист, го основа еден од водечките бендови на новиот бран „ВИС Идоли” во 1980 година. Тие ги објавија култните албуми „ВИС Идоли”, „Odbrana i poslednji dani”, „Čokolada” и „Šest dana juna”. Покрај тоа, има објавено уште 8 албуми за време на неговата самостојна кариера, но и со групите „Олд Старс”, „Невладина организација” и „Лјетно кино”. Со Срѓан Гојковиќ Гиле, тој создаваше музика за деца, а компонираше за телевизија, филм и театар. Од 1999 година живееше во Виена, каде што почина на 4 март 2015 година.

Се навршија 10 години откако нѐ напушти еден од најуникатните музички автори од Балканот, а со концертот кој во рамки на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ќе се одржи на 17 ноември во Филхармонија, неговите пријатели, соработници и верната публика ќе го прослават неговото вонвременско дело.

Почетокот на концертот е во 20:00 часот, а влезниците може да се купат во продажните места на МкТикетс или онлајн на овој ЛИНК:

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation