Сами ќе вработуваат, сами ќе си одредуваат плати, Брисел ќе ни пише петка, а ќе се испорача ли правдата?

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До крајот на годинава ќе бидат донесени реформските закони од областа на правосудството со кои ќе се овозможи финансиска независност на судската власт, најави премиерот Христијан Мицкоски денеска.

Тој нагласи дека финансиската независност ќе значи сами да вработуваат и да вршат прераспределба на нивниот буџет, а потоа ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара.

Мицкоски соопшти дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализирале неколку модели во рамките на Европската Унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји тој износ е 0,2, 0,3 или 0,4 проценти.

– Анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент од Буџетот и дали се однесува на приходната страна, на вкупните приходи или на БДП. Но, треба да знаат дека во тој момент одговараат за секој денар пари потрошени од вас граѓаните. Од хигиенски препарати па сѐ до реконструкција на институциите. Ќе го добијат тоа. Јавно кажувам дека ќе го добијат тоа откако ќе ја направиме деталната анализа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека се грижат за сите оперативни трошоци, сами нека си даваат плата во рамки на Буџетот кој што ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери кој што ги дефиниравме – рече Мицкоски.

Ќе барам, потенцираше тој, само една работа: одговорност.

– Еве ние како Влада тоа ќе го направиме. Само една работа ќе бараме – одговорност за потрошениот денар народни пари преку Државниот завод за ревизија и преку собраниската Комисија која што врши надзор над работењето. Тоа се народни пари. Тоа не се нивни пари. Како што мене ме контролираат, така и нив ќе ги контролираат – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ако останеме на едноцифрена поддршка за судиите и обвинителите, ништо не сме направиле.

– Јас како претседател на Владата сум прв тоа да го добијат. Да видиме тогаш што ќе пречи. Очекувам исто така да излезат од Брисел и да кажат браво и да ни кажат дека сме одлични. Петка дека сме добиле. Затоа што нели, тоа беше проблемот. Немало реформи, еве ќе ги донесеме до Нова година. Ајде да видиме дали е тоа пречката или е нешто друго – рече Мицкоски.

Тој не го коментираше соопштението испратенo од членовите на Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судиите, потенцирајќи дека остава граѓаните да кажат дали се задоволни од испораката на правдата во Македонија.

- Advertisement -
Ad image

– Јас нема да давам одговор на таков тип дописи. Оставам јавноста да каже. Еве граѓаните нека кажат дали тие се задоволни од испораката на правда во Македонија – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ќе се држи до она што го кажал претходно.

– Ќе гледаме секој денар каде го трошат. Да не се случи после дел од нив да се најдат на обвинителна клупа како обвинети – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article