Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик.
Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете.
Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци, удирајќи го по лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.
Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.
Tagged as:
Го удрил и со дршка од нож па му ги исекол гумите на велосипедот!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖