Путин доживеа непријатност кога едно 11-годишно девојче Кира јавно му забележа дека војската не се грижи добро за ранетите војниците на фронтот во Украина бидејќи со неизлечени раните ги враќа на фронтот

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Русија Владимир Путин доживеа непријатност кога едно 11-годишно девојче Кира јавно му забележа дека војската не се грижи добро за ранетите војниците на фронтот во Украина бидејќи со неизлечени раните ги враќа на фронтот. Таа побара нејзиниот ранет вујко да доби подобра здравствена нега.

Кира, која веќе го загубила својот татко во војната минатата година, ја трогна јавноста откако храбро му се приближи на рускиот претседател за време на настан на Црвениот плоштад во Москва.

Опкружен со верски водачи, Путин ја сослуша нејзината молба.

– Мојот чичко сега е на фронтот. Беше ранет во рака, беше во болница. Воопшто не го лекуваат, а сега го враќаат на должност. Би сакала да го префрлат во добра болница во Русија – рече таа.

Путин одговори:

– Дефинитивно ќе го најдеме, во ред?

Сепак, тој не даде никакво конкретно ветување дека ќе го повлече од фронтот на лекување.

Кира се погрижи нејзината порака да биде јасна, додавајќи го неговото име: „Антон Фисјура“.

– Секако. Ви благодарам што се сетивте на него -,рече Путин, бакнувајќи го во глава девојчето и побрза понатаму.

- Advertisement -
Ad image

 

Таткото на Кира, 36-годишниот Владимир Пименов, беше мобилизиран и убиен минатата година во регионот Донецк и посмртно беше одликуван со Орден за храброст. Покрај нејзиниот татко, Кира и нејзината седумгодишна сестра Анастасија сега стравуваат за нивниот чичко Антон, кој има два сина, на возраст од девет и 18 години.

Девојчето откри дека уште двајца нејзини чичковци се борат во војната. Нејзината мајка, Викторија Пименова, работи како адвокат во Комитетот на семејствата на војниците на татковината, организација која им дава поддршка на семејствата на војниците.

- Advertisement -
Ad image

За време на средбата, Кира му подари на Путин играчка Чебурашка, популарен лик од советската ера, што ја исплела сама. Таа објасни дека прави и такви играчки за своите чичковци на фронтот.

– Плетев играчка Чебурашка за мојот чичко Антон, потоа за чичко Вања и чичко Јура, кои сега ја бранат својата татковина. Моите играчки дефинитивно ќе им донесат среќа -рече таа.

Share This Article