Сараево – Денес цел Балкан е обединет во тага и се простува од еден од најголемите музичкари што ги имал регионот
Денес сите очи се вперени кон Сараево, каде што се одржува последното простување од Халид Бeшлич, музичката легенда која со својот глас и хуманост ги допираше милиони срца низ целиот Балкан и пошироко.
Халид Бешлич, кој со децении беше синоним за севдалинката и балканската музика, не беше само извонреден музичар – тој беше вистински хуманист чија добрина и благородност беа познати подеднакво како и неговите незаборавни песни.
Неговите хитови како “Мијлацка”, “Јаз бес тебе не можам да живеам”, „Романија” и многу други станаа химни на генерации и ги надминаа сите граници. Со својот автентичен глас и длабока емотивност, Бешлич успеа да ја зачува традицијата на севдалинката, истовремено внесувајќи нова енергија и современ звук.
Но она што го издвојуваше Халид беше неговата хуманост. Низ годините, тој беше вклучен во бројни хуманитарни акции, секогаш подготвен да помогне на оние на кои им треба поддршка. Неговата скромност и љубов кон луѓето го правеа вистински народен херој.
Вечен починок веднаш до другата легенда
Халид Бешлич ќе биде погребан денес во Сараево на гробиштата Баре, веднаш до другата балканска музичка легенда Кемал Монтено. Двајцата големи уметници, кои со својата музика го обележаа целиот регион, сега ќе почиваат еден до друг – симболично обединети во вечноста, како што беа обединети во срцата на милиони луѓе низ Балканот.
Балканот денес загуби една од своите најсветли ѕвезди, но неговото музичко наследство и хуманоста која ја покажуваше ќе останат вечни. Песните на Халид Бешлич ќе продолжат да се слушаат и да ги радуваат и растажуваат нашите срца уште многу генерации.
Нека му е вечна слава и на великанот ХалидБешлич!
Редакција Охридскај




























