Background

Европската комисија стана „украинска комисија“, обвини Сијарто

„На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген стана јасно дека Брисел и повеќето земји-членки се подготвуваат за долга војна, а не за мир. Тие сакаат да испратат десетици милијарди евра во Украина за плати на војниците, беспилотни летала, оружје и функционирање на украинската држава“, напиша на Х по средбата шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Пренесувајќи дел од атмосферата на средбата на шефовите на дипломатиите на 27-те членки на ЕУ, Сијарто напиша дека „имаше огромен притисок за забрзано пристапување на Украина во ЕУ, нови санкции врз руската енергија и дополнителни шест милијарди евра од Европскиот мировен фонд за вооружување на Украина“.

Според негова оценка, ЕК повторно дејствуваше како украинска комисија, служејќи им на интересите на Киев пред интересите на земјите-членки.

- Advertisement -
Ad image

„Тие целосно ги игнорираат Унгарците во Закарпатието и нашата енергетска безбедност, сè уште одбивајќи да одговорат на заедничкото писмо што го испративме со Словачка за Украина што го загрозува нашиот пат на снабдување“, додаде унгарскиот министер.

На крајот од својот пост на Х, Сијарто го повтори, како што навде, јасен унгарски став: Прво, поддршка за мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, затоа што само договор меѓу САД и Русија може да ја заврши војната. Второ,

Офрлање на присилното пристапување на Украина во ЕУ, што би ги уништило унгарските земјоделци и безбедноста на храната. Трето, одбивање да се дозволи парите на унгарските даночни обврзници да ја финансираат украинската армија.И Четврто, отфрлање на санкциите што го загрозуваат снабдувањето со енергија на Унгарија и ги зголемуваат трошоците за домаќинствата.

Пред министерската средба во Копенхаген, Сијарто, исто така, на Х наведе дека очекува „денеска да се соочиме со провоено цунами. Повеќе пари и оружје за Украина, присилно пристапување кон ЕУ, започнување воена операција… огромен притисок да се откажеме од нашиот промировен став“, најваувајќи дека нема да поддржи никаква одлука против унгарските интереси или одложување на мирот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation