Обилниот дожд кој не запира од утринава поплави делови од Словенија и Хрватска, а неколку улици и патишта во регионот на Копер на се целосно непроодни.
Најсилно било погодено југозападното Приморје, кај границата со Хрватска. Улици и куќи во Копер се поплавени, а сообраќајот на неколку места бил во прекин. Во близина на тунелот Декани имало свлечиште, кое го блокирало правецот од Чрни Кал кон автопатот.
Општината Копар издаде апел до граѓаните: „Ги замолуваме жителите да ги преместат своите возила од пониските области и паркинзите“.
„Метео Словенија“ соопшти дека на некои места веќе наврнале повеќе од 150 милиметри дожд. Притоа, најмногу дожд имало помеѓу словенечка Истра и внатрешноста.
Истовремено, и во Загреб се слеале обилни врнежи, проследени со грмотевици и налети на северозападен ветер. Три региони во Хрватска, Книн, Риека и Сплит, се под црвен метео-аларм, а остатокот од земјата е во портокалова зона поради можноста за невреме.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
